x

Како телефонските батерии може да бидат опасни?

Категорија: Совети Објавено на 30 Ноември, 2022 од GSM.mk

Тимот на iFixit разоткри некои митови за експлозивната природа на li-po батериите.

Литиум-јонските полимерни батерии, познати и како литиум-полимер или скратено li-po, се главните снабдувачи на енергија за нашите сакани телефони, лаптопи или таблети.

Секој пренослив гаџет на кој му е потребна голема количина на континуирано напојување веројатно има li-po батерија внатре. Иако се исполнети со голема количина на енергија, во нормални услови тие се совршено безбедни.

Сепак, постојано има приказни и вести за запалување или експлозија на батерии, а оваа информација со причина го привлече вниманието на јавноста.

Што навистина се случува ако го поправате телефонот, алатката случајно се лизне и ја пробие батеријата? Тимот на iFixit е тука да ги разоткрие митовите околу експлозивната природа на li-po батериите.

За време на овој интересен процес, iFixit покажа како можете да спречите оштетена батерија да предизвика поголеми проблеми.





Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.