x

Како вештачката интелигенција го промени светот?

Категорија: Занимливости Објавено на 21 Јануари, 2019 од GSM.mk

Вештачката интелигенција повеќе не е идеја која постои само во научно-фантастичната литература, туку таа станува секојдневен дел од животот..

Кога се зборува за вештачката интелигенција (AI), многумина воопшто не се свесни што претставува таа и колку е важна за модерниот свет. Таа влијае на начинот на кој патуваме, кои содржини ги пребаруваме на интернет, па дури и храната која ја јадеме.

„Баш како што ниеден поединец, компанија или влада не смее да биде над законот, ниедна технологија исто така не смее да биде над законот. Мислам дека мора да усвоиме етички принципи, а потоа и закони за општеството да може да одлучи како сака да се применува оваа технологија“, вели Бред Смит, директорот за правни работи во Microsoft.

Вештачката интелигенција сега има алгоритми кои се закануваат да ги надминат нивоата на човечка интелигенција, кои можат да се користат во борба против тероризмот, гладот во светот, па дури и во медицината. Меѓутоа, напредокот на вештачката интелигенција ќе го промени пазарот на труд, а тоа ќе резултира во потешка борба за работно место за ниско-квалификуваните работници.

„Кога ќе пристигнете во ресторан за брза храна кој има прозорец за нарачување на храна при возење – вашата нарачка ја прима и внесува човек кој е вработен во ресторанот. Мислам дека за пет години ќе постои голема шанса дека оваа личност нема да ја добие работата бидејќи компјутерите ќе можат да го направат тоа наместо него“, вели Смит.

Ако сакате да дознаете повеќе за начинот на кој вештачката интелигенција го менува секојдневниот живот од секој аспект кој можете да го замислите – погледнете ја емисијата „Plugged In“ со Грета Ван Сустерен, која се емитуваше на телевизискиот канал Voice of America.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.