x

Како Wi-Fi технологијата ни ги олеснува животите секојдневно

Категорија: Занимливости Објавено на 18 Јуни, 2018 од GSM.mk

Со неизбежното доаѓање на 5G технологијата, Wi-Fi технологијата насекаде низ светот ќе доживее огромно подобрување. но со цел оваа револуција да се случи, 5G мора да најде начин да ги употребни различните технологии во екосистем од хетерогени мрежи.

За разлика од 3G и 4G, каде подобрувањето можеше да се забележи само во стабилноста и брзината на мрежата, 5G ќе обезбеди подобрување и нови употреби во многу сфери, од изменета реалност, до сите Smart уреди.

Првото подобрување е поврзано со бумот кој го сведочиме последните неколку години, а кој се однесува на различните Wi-Fi решенија околу домашната употреба. За жал, некои од приватните корисници на Wi-Fi во домот често можат да доживеат проблеми поврзани со јачината на сигналот и непостојаната конекција. Затоа, провајдерите на интернет услуги пробуваат да најдат начини со кои ќе го подобрат искуството на корисникот, а со појавата на 5G, тоа ќе им ја олесни работата.

Надвор од домот, Wi-Fi конекцијата стана и незаменлив дел од работните места и ќе продолжи да овозможува нови начини на работење. Со системот на носење свој уред (Bring Your Own Device, BYOD), компаниите ќе можат до максимум да го искористат cloud системот со Wi-Fi како главен сервис.

Уште еден важен тренд кој не смее да биде заборавен е развојот на машините и нивната способност да учат алгоритми кои пак ќе овозможат подобра Wi-Fi конекција. Како што се обработуваат повеќе податоци, алгоритмите учат, прават претпоставки и одлуки базирани на инпутот, и со тоа се клучни за откривање грешки и нудење начини на кои провајдерите можат да нудат подобри услуги.

Една од најголемите промени во индустријата е дека интернет провајдерите стануваат дигитални компании со растечки број на услуги. Операторите користат Wi-Fi сервиси за да развијат нови гранки како Smart Cities, транспорт услуги и слично.

Продавањето на бесплатни Wi-Fi услуги на бизниси и настани претставува голема можност за раст. Луѓето сакаат да бидат постојано поврзани на интернет, а бесплатниот интернет може да привлече повеќе клиенти. Статистички гледано, бизнисите кои нудат бесплатен интернет имаат 725 поголема шанса за привлекување клиенти од останатите. Со тоа што провајдерите ќе понудат бесплатна Wi-Fi конекција на бизнисите, тоа ќе им помогне подобро да ги проучат слабостите и силните страни на нивните услуги.

За крај, Wi-Fi конекцијата помага за клиентите да се чувствуваат позадоволни, посреќни и повторно да се вратат онаму каде што добиле бесплатна Wi-Fi мрежа. На места како што се стадиони, трговски центри или паркинзи, нудењето на бесплатна интернет конекција може да донесе многу поголемо задоволство кај потрошувачите.

Вреди да се напомене дека Wi-Fi индустријата не е статична, туку континуирано еволуира кон подобри стандарди, како што се 802.11ax и 802.11ay. Како што расте колективната побарувачка за интернет конекција, Wi-Fi мрежата, посебно со појавување на 5G мрежата ќе овозможи задоволување на потребите на потрошувачите на далеку поштедлив начин.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.