x

Керамичка конструкција и неверојатни спецификации: Ова е Galaxy S10 Plus во Ceramic White и Ceramic Black

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 20 Февруари, 2019 од GSM.mk

Освен буџетскиот Galaxy S10e, другите два S10 модели ќе доаѓаат во керамичко бела и керамичко црна нијанса. Еве како изгледаат:

Оваа година, добиваме три модели - буџетски Galaxy S10e и премиум Galaxy S10 и S10 Plus. За разлика од другите два. S10e ќе скрати на неколку спецификации - нема скенер под дисплејот и нема дуален систем на предната страна. Од друга страна, барем ќе доаѓа во неколку светли и интересни бои.

Но, што е со поскапите верзии во однос на изгледот? Најпрво, ќе доаѓаат со керамичка конструкција на задната страна, со која веднаш ќе се издвојуваат од другиот модел. Еве како ќе изгледаат уреди во керамичко црна и керамичко бела варијанта:

Покрај оваа разлика во дизајнот, од овие два ќе биде достапна и верзија со 12GB RAM и 1TB меморија. Ова се сите три S10 уреди, заедно со нивните спецификации:

Crazy specs, ceramic back. This is the Galaxy S10+ in Ceramic White and Ceramic Black!


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.