x

Кинеска доминација: Ова се најбрзите Android телефони во моментот

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 07 Април, 2019 од GSM.mk

Кинеската апликација за тестирање на перформансите на смартфони AnTuTu ја објави ранг листата на најбрзи Android телефони во март.

На врвот се наоѓаат уреди засновани на чипсетот Snapdragon 855, а меѓу првите 10 се најдоа и неколку телефони опремени со Snapdragon 845 и Kirin 980.

На листата се застапени производителите Huawei, Samsung, Xiaomi, Lenovo и Vivo. Седум од десет уреди работат со Snapdragon 855, два со Kirin 980 и еден со Snapdragon 845.

На прво место е флегшип моделот на Xiaomi Mi 9 во Transparent Edition верзија што на тестот на AnTuTu освои 372.072 бодови.

Веднаш зад него е стандардниот Mi 9 со 371.878 бодови.

Третото место му припадна на телефонот Vivo iQOO Monster, кој освои 365.430 бодови.

На четврто и петто место се најдоа модели од серијата Galaxy S10 на Samsung. S10+ освои 359.987 бодови, a стандардниот S10 - 359.217 бодови.

Шестото и седмото место ги зазедоа Vivo iQOO и Lenovo Z5 Pro GT, со освоени 356.510, односно 348.591 бодови.

„Натрапниците“ на листата се Nubia Red Magic Mars, Honor V20 и Mate 20X. Овие телефони за основа немаат Snapdragon 855, туку Snapdragon 845 (Nubia) и Kirin 980 (Honor и Huawei).

Ним им припаднаа последните места на листата, а сите освоија помалку од 320.000 бодови на тестирањето.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.