x

Кинеската влада ги призна е-спортовите како валидна професија

Категорија: Занимливости Објавено на 08 Февруари, 2019 од GSM.mk

Иако еуфоријата околу пристигнувањето на кинеската Нова година и понатаму е присутна, нема пауза за е-спортовите, кои секоја година се сѐ попопуларни. Одлични вести за е-спортистите стигнуваат токму од Кина.

Во напор дополнително да се приклучи кон е-спорт трендот, Кина ги класифицираше гејмерите како работници кои се дел од валидниот работен систем на земјата.

Од вчера, во Кина се признаени два вида на работни позиции во е-спортот: е-спорт професионалец и е-спорт оператор. Како што можете да претпоставите, е-спорт професионалецот е онаа личност која се натпреварува на разни натпревари и турнири, или пак ги тренира екипите или професионалците кои се натпреваруваат. Другиот термин, е-спорт оператор, се користи за личноста која е задолжена за организација на турнири и натпревари.

Потегот на кинеската влада е сосем логичен и очекуван, бидејќи е-спортовите во Кина бележат огромен пораст на популарноста во последните неколку години, а за тоа најдобро говори финалето на WESG кое ќе се одржи набрзо и ќе има награден фонд од дури 2,5 милиони долари.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.