x

Кинески државјанин во САД обвинет за продажба на 1 милион лажни iPhone уреди!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 04 Февруари, 2018 од GSM.mk

Jianhua “Jeff” Li, кинески државјанин кој живеел во Америка на студентска виза, бил обвинет за продажба на повеќе од 1.1 милиони лажни Apple уреди..

Jianhua “Jeff” Li бил обвинет за продажба на 1.1 милиони лажни iPhone и iPad единици во Америка. Li ги признал криминалните дела, кои се состоеле од продажба и нелегално внесување на уредите од други држави во САД. Официјално, ќе биде осуден на 30-ти мај.

Li и неговите соработници шверцувале 40.000 електронски уреди и додатоци во САД, во периодот од јули 2009, до февруари 2014 година. Меѓу производите се наоѓале iPhone и iPad уреди, заедно со официјалните кутии и етикети на Apple брендот. Приходите од продажбата на лажните уреди се проценети на околу 1.1 милиони долари. 

Останатите соработници истотака ја признале вината, а еден од нив веќе бил осуден на 37 месеци во затвор, минатиот јули. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.