x

Кинеските корисници ги продаваат Samsung Galaxy S10 уреди за да купат OnePlus 7 Pro!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 22 Мај, 2019 од GSM.mk

Изгледа дека OnePlus 7 Pro е толку популарен во Кина, што корисниците ги продаваат своите веќе моќни уреди, за да бидат сопственици на овој нов смартфон на компанијата..

Според Ice Universe на твитер, OnePlus 7 Pro е толку популарен во Кина што неговата претпродажба веќе надмина милион нарачки. Преку официјалната веб-страна на OnePlus, како и неколку други онлајн продавници, бројот на резервирани OnePlus 7 уреди е околу 1.05 милиони. Ваквата бројка беше постигната за само пет дена.

Интересно е што Ice Universe сподели дека голем дел од овие корисници ги продаваат своите уреди од Samsung Galaxy S10 серијата за да може да бидат сопственици на новиот OnePlus 7 Pro.

Инаку, OnePlus 7 Pro доаѓа со голем, 6.6 инчен AMOLED панел и резолуција од 1440 x 3120 пиксели. Во внатрешноста се наоѓа Snapdragon 855 со три конфигурации - 6GB RAM/128GB меморија, 8GB RAM/256GB меморија или 12GB RAM/256GB меморија.

На задната страна се наоѓа систем од три камери. Меѓу нив, главната е од 48 мегапиксели, придружена од 8 мегапикселен и 16 мегапикселен сензор. Работи на батерија од 4000mAh.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.