x

Kirin 990 на Huawei ќе нуди нешто што Snapdragon го нема!

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 25 Август, 2019 од GSM.mk

Според видеото кое се појави на YouTube, Huawei Kirin 990 ќе биде претставен на IFA настанот на 6 септември во Берлин..

Дизајниран од HiSilicon, овој процесор ќе биде присутен во Mate 30 линијата. Истотака, извршниот директор на компнијата потврди дека ќе се наоѓа и во Mate X, смартфонот на преклопување. Првично, Kirin 980 кој се наоѓа во сегашната Mate 20 линија, требаше да биде присутен и во Mate X. Но, бидејќи претставувањето на Mate X беше одложено два пати, компанијата најверојатно реши меѓу другите подобрувања да го промени и процесорот со помоќен.

Во видеото за Kirin 990 особено се спомнува 5G технологијата, следниот чекор во безжичната конекција. Иако Huawei не ги произведува 5G чиповите, компанијата планира да имплементира ваков модем и во Kirin 990. Истотака, ќе има Cortex-A77 CPU и ARM's Mali-G77 GPU.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.