x

Клоновите секогаш чекор понапред: Ова е првата копија на Galaxy Note 9

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 20 Јули, 2018 од GSM.mk

Секогаш пред претставувањето на нов и долгоочекуван премиум уред, се појавуваат компании со негови копии, по многу ниски цени и интересни карактеристики..

Во последно време, ваквите компании успеваат да ги претстават копиите на премиум уредите дури и пред нивното официјално најавување. Овој пат, се појави првиот клон на Galaxy Note 9 - уред кој го очекуваме за само неколку недели. 

На фотографиите, "Note 9" може да се забележи во во трите бои во кои го очекуваме и оригиналниот уред - црна, сина и златна. На сликите од предната страна, може да забележиме дека новиот интерфејс на Samsung е одлично прекопиран, иако, позадината изгледа како да е од ерата на Note 8. 


Единствена, но значително голема, негативност по која ќе забележите дека станува збор за копија се рамките - од сите страни, уредот доаѓа со неверојатно дебели рамки, значително поголеми од оние на Note 8 и Edge дизајнот на компанијата. На прв поглед, повеќе наликува на некоја чудна верзија од Pixel 2 XL. Истотака, нешто чудно се случува со двете камери на задната страна и нивната поставеност. 


Сигурни сме дека, со тек на време, ќе се појават подобри и пореални копии на Note 9. Па, нека ова биде потсетник - внимавајте од каде и што купувате!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.