x

Кое е првото видео на YouTube со повеќе од 10 милијарди прегледи?

Категорија: Занимливости Објавено на 14 Јануари, 2022 од GSM.mk

Познато е кое видео прво достигна 10 милијарди прегледи на YouTube, а не станува збор за „Gangnam Style“.

Пред 10 години, видеото за песната „Gangnam Style“ го собори рекордот и стана првото видео на YouTube со милијарда прегледи. Видеото моментално има повеќе од четири милијарди прегледи, а новиот рекордер е уште една екстремно заразна мелодија.

Станува збор за видеото за „Baby Shark“. Врз основа на бројачот на YouTube, популарната детска песна стана првото видео на YouTube кое забележа повеќе од 10 милијарди прегледи.


„Baby Shark“ стана најгледаното видео на YouTube во ноември 2020 година со повеќе од седум милијарди прегледи и оттогаш доби уште три милијарди прегледи.

Спотот за песната е направен во 2016 година, од страна на јужнокорејската едукативна компанија Pinkfong, а песната ја изведува пејачката Хоуп Сеџоин.

„Baby Shark“ е многу популарна и на другите социјални мрежи, како што е TikTok, каде деца, тинејџери и возрасни се снимаат како танцуваат на оваа песна.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.