x

Кога не може Google, тука е TomTom: Huawei најде решение за мапите

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 21 Јануари, 2020 од GSM.mk

Huawei во последно време е исклучително активна кога се во прашање прилагодувања и наоѓање алтернативни решенија и пристапи кон актуелната ситуација која ја спречува кинеската компанија да ги користи сервисите на Google по санкциите наметнати од САД.

Најновиот потег во овој правец го најави портпаролот на компанијата TomTom Холандија.

Очигледно е дека Huawei и реномираната компанија за навигација веќе некое време имале веќе заклучен договор за партнерство.

Договорот кој долго време се чувал во тајност сега е обелоденет, но сепак уште нема конкретни детали за тоа што може да се очекува.

Може да се претпостави дека Huawei ќе го искористи растечкиот екосистем сервис на TomTom и врз него ќе заснова голем дел од независните апликации, платформи и податоци за мапи.

Треба да се напомене дека Huawei сѐ посериозно ги форсира своите платформи и cloud услуги, приближувајќи ги сѐ повеќе до она што го нуди Google.

Ова е посебно видливо во областа на паметните телефони, каде корисниците може да очекуваат уште повеќе решенија од Huawei во иднина.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.