x

Кои Samsung телефони ќе добијат Android KitKat?

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 01 Септември, 2014 од GSM.mk

Доколку се прашувате кога вашиот Samsung телефон ќе добие Android 4.4.2, 4.4.3 или 4.4.4, тогаш веројатно ги имаме одговорите кои ги барате. Да погледнеме кои се плановите на Samsung за вашите телефони...

Да започнеме со најновиот - моделот Galaxy Alpha ќе започне да се продава директно со Android 4.4.4 инсталиран на него. Од друга страна, Galaxy Note 4, кој се очекува да биде презентиран оваа среда, ќе доаѓа со инсталиран Android 4.4.3.

Доколку поседувате Galaxy S5, тогаш имаме добри вести за вас. Според австралискиот оператор Optus, Samsung веќе ја одобрил финалната верзија на Android 4.4.4 за овој телефон, така што можете да ја очекувате до крајот на септември.

Канадскиот оператор Rogers веќе почнува со апдејтирање на Android 4.4.3 на „постарите“ Samsung модели, како на пример Galaxy S4 и Galaxy Note 3. Листата на останатите уреди за кои се очекува да добијат апдејт на Android 4.4.3 се:

  • Galaxy Mega
  • Galaxy S4 Mini
  • Galaxy S3 Mini
  • Galaxy Note 8.0

Дополнително, одредени (европски) верзии на Galaxy S4, Galaxy Note 3 и Galaxy Note II ќе добијат Android 4.4.2 во текот на овој месец. Како и секогаш, доколку правите апдејт преку Wi-Fi, осигурајте се дека вашата батерија е полна барем 50% пред започнување на процесот.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.