Објавена е листата на најбрзи телефони за претходниот месец, која редовно ја објавува AnTuTu, и се состои од премиум модели.

Иако листата претежно содржи модели напојувани со чипсет Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1, изненадување е што телефонот кој користи чип Dimensity 9000+ излегува на врвот.
Така, на AnTuTu листата на најдобри Android телефони за септември, на прво место е Asus ROG Phone 6D, кој користи чипсет MediaTek Dimensity 9000+. Телефонот освои 1.123.036 поени и користи комбинација од 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање податоци.
Сите други телефони на Топ 10 листата се напојуваат со чипсет Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1. На второ место е OnePlus Ace Pro, додека трет е iQOO 10 Pro.
Black Shark 7S Pro и Lenovo Legion Y70 ја заокружуваат листата на првите пет модели во однос на брзината, според резултатите од тестот AnTuTu.
Топ 10 ги вклучува и iQOO 10, Moto X30 Pro, Xiaomi 12S Pro, Redmi K50 Ultra и Xiaomi MIX Fold 2.
Извор: Кајгана.мк
Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.