x

Кои се најчестo користените лозинки според Google?

Категорија: Занимливости Објавено на 28 Јули, 2018 од GSM.mk

Ако некогаш сте се соочиле со „хакнување“ на некој ваш мејл или Facebook профил, знаете колкава главоболка претставува нивното враќање. Затоа треба да знаете која лозинка да ја одберете затоа што таа е најважна во овој случај.

Google неодамна спроведе анкета врз 2.000 корисници за да открие кои се најчестите лозинки кои ги користат, односно од каде се инспирираат за да ја обликуваат лозинката. Резултатот вели дека луѓето одбираат лозинки кои останатите можат да ги најдат на интернет, затоа што со сигурност сте ги оставиле таму (датуми, имиња). Речиси половина од испитаниците изјавиле дека ја имаат споделено својата лозинка со некој (не треба да спомнуваме дека тоа е погрешно), што е загрижувачко затоа што на овој начин луѓето го олеснуваат патот до пробивањето на нивните профили и мејлови.

Еве како изгледа листата на најчести лозинки кои се користат:

1. Името на домашниот миленик

2. Важни датуми (како годишнина од брак)

3. Роденденот на некој од семејството

4. Името на своето дете

5. Името на некој друг член од семејството

6. Местото на раѓање

7. Омилениот празник

8. Информација поврзана со омилениот спортски тим

9. Името на партнерот

10. Зборот „password“

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.