x

Кои телефони на Nokia ќе добијат Android 13?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 06 Декември, 2022 од GSM.mk

Производителите на телефони полека ги надградуваат оперативните системи на своите уреди, а Nokia не е исклучок.

Дали користите Nokia паметен телефон? Ако сè уште не сте добиле Android 12, имаме лоши вести за вас - никогаш нема да го добиете, бидејќи компанијата заврши со дистрибуција на оваа верзија на оперативниот систем.

Сепак, во зависност од моделот што го користите, можеби имаме одлична вест за вас - Nokia штотуку ја објави листата на телефони што ќе добијат Android 13.

Ова се уредите на Нокиа кои ќе добијат Android 13:

Nokia X10

Nokia X20

Nokia XR20

Nokia G50

Nokia G11 Plus

Нема да ги најдете C31, G60 5G и X30 5G на оваа листа - уредите објавени на овогодинешниот саем IFA 2022 во Берлин - но не затоа што го добиваат новиот Android, туку затоа што надградбата за овие уреди се подразбира. На пример, Nokia X30 5G ќе добие три нови верзии на оперативниот систем.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.