x

Кои телефони зрачат најмногу и кои најмалку?

Категорија: Занимливости Објавено на 18 Февруари, 2019 од GSM.mk

Досега имало многу истражувања за штетното влијание на зрачењето од мобилните уреди. Некои производители на смартфони, покрај останатите податоци за уредот објавуваат и информации во врска со нивото на зрачење на кое сте изложени со нивна употреба.

Германската Сојузна канцеларија за заштита од зрачење состави списоци со телефони што најмногу, односно најмалку ги зрачат корисниците. На секоја од листите се издвоени по 16 модели на телефони споредени по степенот на зрачење.

Непосакуваното прво место на листата телефони што зрачат најмногу му припадна на моделот Mi A1 на Xiaomi за кој е наведено зрачење од 1,75 W/kg. На второ место се наоѓа OnePlus 5T со 1,68 W/kg, а на трето уште еден уред на Xiaomi - Mi Max 3 со зрачење од 1,58 W/kg.

Прв телефон што користи Android платформа, а се наоѓа на оваа листа е iPhone, поточно iPhone 7. За него е измерено зрачење од 1,38 W/kg, што значи дека се најде на 9 место на листата. Следен iPhone на листата е iPhone 8 на 14-то место со измерено зрачење од 1,32 W/kg.

Телефоните на Googlea ги зазедоа седмото место (Pixel 3 XL со 1,39 W/kg) и 12-тото место (Pixel 3 со 1,33 W/kg).

На листата телефони што најмалку зрачат на првото место е Samsungo Galaxy Note8, кај кој е измерено зрачење од само 0,17 W/kg, а исто количество на зрачење има и второпласираниот ZTE Axon Lite. На трето место е LG G7 со измерено зрачење од 0,24 W/kg.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.