x

Кој е John AppleSeed?

Категорија: Занимливости Објавено на 27 Јули, 2013 од GSM.mk

Веќе подолго време, компанијата Apple го користи името John AppleSeed при промоција на можностите на својот телефон, iPhone-от. Веројатно се прашува за која личност станува збор..

Според Wikipedia, Johnny Appleseed е пионир кој ги „вовел“ (засадил) првите дрва со јаболка во Охајо, Индијана и Илиноис. Всушност, тој бил роден како John Chapman, но со неговата вмешаност во јаболките, промената на името е очигледна и самообјаснувачка. Johnny Appleseed е американска легенда за своето време, поради својата добрина и дарежливост, а исто така бил член и на Новата Црква, која ги предавала доктрините на шведскиот филозоф Emmanuel Swedenborg.

Втората варијанта е дека John Appleseed е прекарот/името кое поранешниот извршен директор на Apple, Mike Markkula, го користел додека објавува софтвер за компјутерот Apple II.

Без разлика на тоа, ова звучи како перфектното име која компанија со зборот Apple би го користела за промоција на своите нови производи. Не секој може да тврди дека ги запознал Охајо, Илиноис и Индијана со јаболките...

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.