x

Кој успеа да го хакира телефонот на најбогатиот човек на светот?

Категорија: Занимливости Објавено на 21 Април, 2019 од GSM.mk

На почетокот на годината Џеф Безос, покрај деловните успеси, се најде во медиумите и поради приватниот живот. Тој најави развод од сопругата, но мораше да се пресмета и со уценувачката закана на американскиот National Enquirer, пишува BBC.

Од весникот му се закануваа на Безос дека во јавност ќе објават негови приватни фотографии и пораки кои ги разменувал со љубовницата, ако не им даде одредена сума пари. Но, Безос на интернет самиот ги објави уцените и фотографиите за кои му се закануваа.

Сега, прашањето кое секој си го поставува е како некој воопшто успеа да дојде до приватните информации и податоци од мобилниот телефон на најбогатиот човек во светот.

Шефот на безбедносната служба на Amazon објави дека нивната истрага покажала дека телефонот на Безос бил хакиран. Пристап до информациите имала извесна хакерска група од Саудиска Арабија. Засега не е познато колку ископале од телефонот, ниту дали весникот имал сознанија за тоа.

Истрагата продолжува, а случајот е предаден на ФБИ.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.