x

Која е причината за експлодирањето на iPhone батериите?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 21 Јануари, 2018 од GSM.mk

Пред неколку недели, се појавија две различни приказни за експлодирани iPhone батерии во Apple продавници во Шпанија и Швајцарија. Иако Apple нема дадено официјална изјава, веќе се појавија неколку можни причини за инцидентите

Andrew Phan е DIY (Do It Yourself) ентузијаст, и при промена на четири iPhone 6 батерии, една од нив за малку ќе експлодирала. 

Според Phan, батериите се држат во место со леплива лента. Додека се обидувал да ја отстрани, дел од лентата се искинал и останал под батеријата. Потоа, како што се обидувал да ја отстрани батеријата од лепливиот слој под неа, батеријата почнала да чади и да испушта искри. Phan веднаш ја отстранил батеријата од телефонот и ја ставил во вода пред да експлодира. 

Бидејќи Apple сеуште нема дадено официјална изјава, ова е најбилското нешто што го имаме до разумно објаснување за инцидентите. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.