x

Колку ќе чинат новите Galaxy Note 20 и Note 20 Ultra?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 30 Јули, 2020 од GSM.mk

Galaxy Note 20 серијата ќе биде најавена на 5 август, но веќе знаеме речиси се што е потребно за овие уреди...

Со карактеристиките и дизајнот на Note 20 и Note 20 Ultra се запознавме уште пред неколку недели, а сега знаеме и колку ќе чинат.

Galaxy Note 20 со 256GB меморија и 4G ќе чини 999 евра, а верзијата со 5G ќе има цена од 1099 евра. Ова е иста цена како Note 10 во Европа. Во моментот не се познати информации за верзија со 512GB меморија.

Помоќниот и поголемиот Note 20 Ultra ќе доаѓа само во верзија со 5G и ќе има цена од 1349 евра. Интересно е што Note 20 Ultra со 256GB меморија ќе има иста цена како S20 Ultra со 128GB меморија, но ќе биде поскап за 200 евра од Note 10+ со 256GB меморија. Од друга страна, верзијата со 512GB меморија ќе биде 100 евра поевтина од S20 Ultra со исто толку меморија.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.