x

Колку ќе чинат новите Huawei Mate 30 модели?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Септември, 2019 од GSM.mk

Кинескиот технолошки гигант Huawei вчера ги претстави своите најнови премиум смартфони од серијата Mate 30.

Извршниот директор за потрошувачки производи на Huawei, Ричард Ју, на почетокот на настанот нагласи дека продажбата на Huawei смартфоните ширум светот, од почетокот на годината, бележи раст од 26%.

Промоцијата почна со објаснување на иновативниот дизајн на камерите на телефоните, по урнек на класичните фотоапарати. Huawei Mate 30 и Mate 30 Pro го содржат новиот чипсет HiSilicon Kirin 990 што беше претставен на саемот IFA во Берлин, со процесор со интегриран 5G модем.

Mate 30 Pro има заоблен Horizon Display, што е 6,53-инчен Flex OLED дисплеј. Mate 30 доаѓа со поголем, рамен 6,62-инчен екран.

На задниот дел на двата уреда има систем од четири камери сместени во кружен модул, за кои и овојпат беше задолжен германскиот производител Leica.  Системот камери се состои од: 40MP Cine Camera сензор, 40MP SuperSensing Camera,Telephoto камера од 8 мегапиксели и 3D Depth Sensing камера. Камерите имаат опција за 3X оптичко и 30X дигитално зумирање, додека вкупниот „хибриден“ зум е 45X.

Huawei Mate 30 и Mate 30 Pro имаат батерии со капацитет од 4.200 и 4.500 mAh, со можност за безжично полнење од 40W и супербрзо безжично полнење од 27W.

Телефоните се достапни во шест бои: Black, Space Silver, Cosmic Purple, Emerald Green и две Vegan Leather верзии.

Во Минхен беша претставени и ексклузивните модели Huawei Mate 30 RS Porsche Design. Уредите се обложени со кожа, достапни во црна и црвена боја, во комбинации со 12GB RAM и 512GB простор за складирање податоци.

Цените на новите Huawei Mate 30 модели се:

Huawei Mate 30 8GB/128GB - 799 евра

Huawei Mate 30 Pro 8GB/256GB - 1099 евра

Huawei Mate 30 Pro 5G 8GB/256GB – 1.199 евра

Huawei Mate 30 RS Porsche Design 12GB/512GB – 2.095 евра.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.