x

Колку навистина вреди новиот iPhone Xs Max?

Категорија: Занимливости Објавено на 01 Октомври, 2018 од GSM.mk

Цената на моделот Xs Max може да варира од 1.099 од 1.499 долари во зависност од перформансите, но таа не е ни блиску до цената на изработка на овој уред.

Една компанија од Отава, наречена TechInsights, го раздвои новиот iPhone на делови за да ја пресмета цената на неговата изработка, дел по дел. Крајниот резултат вели дека за производство на еден iPhone се потребни 440 долари, или повеќе од 600 долари помалку од неговата цена на пазарот.

Најскапиот дел од новиот iPhone е неговиот дисплеј, кој чини околу 80 долари, додека дисплејот на минатогодишниот iPhone беше малку поевтин и чинеше 77 долари. Релативно малото зголемување на цената е предизвикано од поголемиот екран кој го има новиот Xs Max, а цената беше одржана во нормални рамки поради тоа што Apple се реши од некои компоненти од нивниот 3D Touch систем, како што е копчето Home. Кога ќе се согледаат сите работи, од дисплејот беа отстранети делови во вредност од 10 долари.

Apple одби да ја коментира оваа анализа, но аналитичарот Боб О’Донел од TECHnalysis Research вели дека компанијата направила одлична одлука. Според него, огромен дел од корисниците на Apple ги купуваат новите модели на iPhone поради нивните екрани, па затоа смета дека секое подобрување на дисплејот со право се дочекува со позитивни реакции.

Останатите трошоци кои ја зголемуваат цената се процесорите и чиповите во телефонот. Ова најмногу се должи на користењето на новата технологија на Intel и тајванскиот партнер Semiconductor Manufacturing Co Ltd. која би требало да ги подобри перформансите истовремено користејќи ист простор како и претходните процесори.

Apple ги нарече новите iPhone Xs и Xs Max „најиздржливите телефони со најсилно стакло некогаш вградено во смартфон“. За жал, тестовите покажаа дека колку и да е силно стаклото – сепак се крши кога ќе доживее удар.

Со оглед на тоа дека поправката на искршен дисплеј чини 430 долари, корисниците имаат зошто да се бунат за цената, но сите подобрувања и нови делови во смартфонот веројатно ја оправдуваат зголемената цена – барем во однос на минатогодишниот модел.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.