x

Колку всушност смартфони продаде Xiaomi во изминатиот период?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 06 Мај, 2019 од GSM.mk

Поради недоразбирањата за продажбата на Xiaomi во изминатиот период, на изненадување на сите, компанијата сама сподели информации за овие бројки:

Според истражувањата на Counterpoint Research, Xiaomi има продадено 27.8 милиони во последната четвртина. Но, друга аналитичка компанија, Strategy Analytics, не се согласува со овие бројки и смета дека компанијата всушност има продадено 27.5 милиони единици. Доколку прашате уште една компанија, IDC, смета дека бројката е уште помала, "само" 25 милиони.

Изгледа дека на компанијата овие претпоставки и станаа досадни и на изненадување на сите, сама сподели информации за официјалната продажба. Според Xiaomi, голем дел од овие податоци не се точни. Но, сепак една од нив има точно претпоставено и официјалната продажба на Xiaomi за периодот од јануари до март, 2019 година, е 27.5 милиони единици.

Пред една година, предвидувањата покажаа дека Xiaomi има продадено 28 милиони уреди. Ова значи дека компанијата има доживеано мал пад во продажбата, но "само" за 2%.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.