x

Компјутерот не ви поддржува Windows 11? Постои објаснување

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 29 Јуни, 2021 од GSM.mk

Microsoft ја ажурираше својата апликација PC Health Check за да ви соопшти дека вашиот компјутер нема да може да поддржува Windows 11.

Компанијата го направи ова за да помогне во решавањето на конфузијата предизвикана од различните непотврдени информации што се шират онлајн.

Многумина се обидоа преку оваа апликација да проверат дали ќе можат да користат Windows 11, но бидејќи не е ажуриран од воведувањето на новиот оперативен систем, нема воопшто да ви помогне.

Сега можете да го ажурирате или да го преземете ако веќе го немате, и ќе ви покаже зошто не можете да го стартувате Windows 11 на вашиот компјутер, без разлика дали станува збор за компатибилност, недостаток на простор на хард дискот или нешто друго.


Сепак, сè уште не работи правилно затоа што испраќа пораки како „процесорот не може да го поддржува Windows “ и не наведува зошто.

Најдобро би било да ја почекате официјалната објава на Microsoft што ви треба за новиот Windows.


Извор: Кајгана.мк


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.