x

Концептот Fold n Roll го трансформира смартфонот во таблет

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 16 Април, 2021 од GSM.mk

TCL има нов концепт на смартфон што може да се склопи и претставува интересен уред.

Наречен Fold 'n Roll, уредот на TCL е комбинација на dragonhinge технологија и панел со дисплеј што може да се прошири. Резултатот е смартфон од 6,87 инчи кој може да се зголеми во фаблет од 8,85 инчи или целосно да се расклопи за да стане таблет од 10 инчи. Покрај ова, TCL не откри други детали.

TCL сè уште ги „истражува техничките спецификации“ на овој тип уреди и тоа не дава многу надеж дека наскоро ќе се појави на пазарот.

Сепак, компанијата планира да претстави некаков вид на смартфон на преклоп кон крајот на оваа година, а неодамна претстави неколку идејни решенија.

TCL може да се најде во добра позиција да понуди подостапни уреди кои имаат флексибилни и склопувачки екрани, како и екрани со механизам за тркалање. Таквите уреди во моментов припаѓаат на во повисоката и поскапа класа.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.