x

Конечно: Facebook додаде опција за бришење пораки од Messenger со подолг лимит

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Февруари, 2019 од GSM.mk

Facebook веќе некое време работи на подобрување на своите апликации, особено оние за пораки. Еден начин на кој ќе се обиде да го постигне тоа е со крадење на функција директно од WhatsApp..

Исто како на Whatsapp, корисниците ќе можат да бришат пораки на Messenger откако ќе ги пратат. Пораката ќе може да ја избришат само за себе, или за сите кои се наоѓаат во разговорот. Откако ќе ја избришете, на другите корисниците ќе им биде заменета со порака дека дел од разговорот бил отстранет. На корисниците ќе има бидат дадени цели 10 минути да одлучат дали сакаат да ја задржат пораката или не.

Ова е опција за која веќе некое време се зборува на Facebook. Во еден период, компанијата дури и започна да ја тестира функцијата, испраќајќи ја кај одреден дел од корисниците. Имено, компанијата ја овозможи опцијата само за одреден дел од своите вработени и партнери. Кратко потоа, дел од јавноста започна да се жали дека сите корисници треба да бидат исто третирани и функцијата беше отстранета. Сега, ќе биде достапна и за iOS и за Android уредите.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.