x

Конечно: Како да избришете порака испратена на Facebook Messenger?

Категорија: Совети Објавено на 07 Февруари, 2019 од GSM.mk

Основачот и директор на компанијата Facebook, Марк Закерберг, веќе не е единствениот кој ја има опцијата да повлече пораки испратени преку апликацијата Facebook Messenger.

Комапнијата соопшти дека корисниците на Facebook Messengera кои ја користат апликацијата преку уреди со iOS и Android оперативни системи ќе имаат можност да бришат испратени пораки откако ќе ја преземат најновата верзија на оваа апликација.

Треба само во четот да ја одберете опцијата „отстрани“ (remove), а потоа ќе следи прашање дали сакате да ја отстраните пораката за сите учесници во четот или само за себе.

Сепак има „цака“: можноста да ја повлечете, односно отстраните пораката, ја имате само 10 минути откако сте ја испратиле. Откако ќе истечат првите 10 минути, веќе нема да ви биде достапна опцијата.

Facebook работи на оваа опција уште од април минатата година, кога одредени стари пораки на Закерберг мистериозно исчезнаа од инбоксот на примачите.

Тогаш Facebook соопшти дека пораките биле избришани поради правилата за задржување пораки имплементирани во 2014 година.

Компанијата се извини што опцијата им ја овозможи само на своите челници и вети дека наскоро ќе им биде достапна на сите корисници на Messenger. Сега Facebook конечно го исполнува тоа ветување.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.