x

Конечно: Samsung го реши најголемиот проблем со камерите на S10 уредите!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Јуни, 2019 од GSM.mk

Galaxy S10 уредите се несоменено едни од најдобрите уреди на пазарот со најмоќни спецификации и одлични камери. Но, една одлука која Samsung ја имаше донесено во однос на камерите ги остави корисниците разочарани.. барем досега..

Станува збор за Live Focus функцијата, верзијата на Samsung за Portrait Mode, со која S10 и S10 Plus ги користат главните широкоаголни камери за да ги направат фотографиите. Според голем дел од корисниците, ова не е најдобрата камера за портрети и е зачудувачки, бидејќи и S10 и S10 Plus имаат телефото сензори на задната страна. Уште поинтересно е што Samsung ги има користено овие сензори претходно за портрети кај Note 8 уредите, пред две години.

портрет со Galaxy S10 Plus

Galaxy S10+ wide angle portrait

Портрет со Galaxy Note 9

Galaxy Note 9 telephoto portrait

За среќа, со нов update, компанијата тивко го реши овој проблем. Станува збор за нов update со кој откако ќе се отвори Camera апликацијата и ќе се селектира Live focus, корисниците може да одберат дали ќе ја користат широкоаголната или телефото камерата. Изненадувачка промена, но дефинитивно добредојдена.

Samsung has fixed our biggest complaint about the Galaxy S10 camera!


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.