x

Корисниците на уредите на Apple се сомневаат дека Instagram ги шпионира

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 01 Август, 2020 од GSM.mk

Многу корисници ширум светот кои ја инсталираа новата верзија на оперативниот систем на Apple - iOS 14 забележале неочекувани промени на нивните уреди.

Корисниците велат дека Instagram пристапува до нивните камери дури и кога не се фотографираат.

Корисниците велат дека сè повеќе ја забележуваат зелената точка која покажува дека е вклучена камерата, без разлика дали тие се фотографираат или не.

Од компанијата за Business Insider изјавија дека е во прашање грешка која се обидуваат да ја поправат и додадоа дека иако се појавува зелената точка, тоа не мора да значи дека Instagram пристапува до нивната камера.

Ова не е прв случај да се појави ваква грешка на оперативниот систем на Apple.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.