x

Корисниците се жалат: Exynos Galaxy S10 имаат проблеми со батеријата!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 30 Март, 2019 од GSM.mk

Exynos процесорите на Samsung никогаш немале репутација како најмоќни, а овогодинешните Galaxy S10 модели и нивните тестирања го потврдија тоа..

Но, проблемите не застануваат тука. Веќе неколку недели, голем дел од S10 сопственици започнаат да се жалат по социјалните мрежи од нивните смартфони, конкретно оние со Exynos процесор. Еден од овие проблеми е наречен  "proximity sensor bug," и предизвикува екранот на телефонот да се вклучи сам, додека уредот е во џеб или ташна. Според Samsung, сега за сега решението на овој проблем е исклучување на "Lift to Wake" и "Tap to Wake" опциите.

Покрај тоа, за жал постои и уште еден проблем. Голем дел од Exynos S10 сопствениците се жалат од батериите на своите уреди. Некои од нив ги тестирале и споредувале Exynos Galaxy S10 моделите и забележале дека издржливоста на батеријата кај дел од нив е значително помала.

By running CPU Spy, XDA forum users have been able to determine that making or receiving VoIP calls triggers a bug in the Exynos version of the Galaxy S10 that prevents the phone from entering deep sleep when idle


Samsung Потврди дека сега за сега проблемот е присутен само кај Exynos моделите и работи на решение со софтверски update.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.