x

Корисниците се жалат: iPhone XS и XS Max имаат проблеми со полнењето

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 02 Октомври, 2018 од GSM.mk

Само неколку недели по официјалното претставување, корисниците започнаа да пријавуваат проблеми со нивните iPhone XS и XS Max уреди..

Најпрво, корисниците започнаа да пријавуваат проблеми во однос на WiFi и LTE поврзувањето на нивните смартфони, но изгледа дека жалбите не застануваат тука. Според новите изјави, дел од корисниците започнале да забележуваат проблеми и со полнењето на уредите.

Преку постови на официјалниот форум на Apple, како и преку e-mail жалби на PhoneArena, корисниците се жалат од полнењето на нивните смартфони. 

Како што знаеме сите, доколку се е во ред, дисплејот на iPhone XS и XS Max би требало да се вклучи веднаш откако ќе биде поврзан со кабел за полнење. Истовремено, краток звук сигнализира дека полнењето е започнато. Но, ова не се случува кај дел од моделите. Наместо тоа, за да навистина почне полнењето, корисниците треба два пати да кликнат на екранот. За жал, кај дел од нив, дури ни ваквата постапка не помага. 

За проблемот да биде уште поголем, иако дел од уредите покажуваат дека се полнат, всушност и по долго полнење остануваат празни. Без сомнеж, најголем проблем е кај оние уреди кои при самото вклучување на полнач се блокираат или целосно исклучуваат. 

Сега за сега, сеуште не е познато што го предизвикува проблемот, но наскоро очекуваме официјална изјава од Apple. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.