x

Креативно и уникатно: Познато името на Galaxy S11!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Мај, 2019 од GSM.mk

Galaxy S10 беше претставен пред само 3 месеци, а новата Note 10 серија доаѓа за три месеци. И покрај тоа, Samsung веќе започна со подготовките на уште еден премиум уред - Galaxy S11..

Според Ice Universe, премиум серијата на Samsung за 2020 година е позната како ‘Picasso,’  - името на познатиот уметник од Шпанија. Galaxy S8, S9 и S10 пред да бидат претставени беа познати како ‘Dream,’ ‘Star,’ и ‘Beyond'. Интересно е што Galaxy Note 10 серијата е позната под код-името ‘Da Vinci,’ - уште едно име на познат уметник од времето на ренесансата.

Samsung Galaxy S10, S10+, S10e

Samsung Galaxy S10, S10+, S10e

За жал, името на Galaxy S11 серијата не открива други информации за спецификациите на уредите. Компанијата само сподели дека подготвува телефон со вистински "all screen" дисплеј, без notch, дупка и било каков друг систем за селфи камерата.

Како што рековме, претставувањето на S11 серијата го очекуваме најрано во 2020 година.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.