x

KY O1L: Најтенкиот телефон во светот доаѓа во големина на кредитна картичка

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 20 Октомври, 2018 од GSM.mk

Кредитните картички се секојдневен дел од животот на јапонските работници па затоа е убаво што најголемата електронска компанија во земјата најави телефон толку тенок што може да се стави во преградата за кредитни картички во скоро било чиј паричник.

„Телефонот-картичка“, наречен KY-O1L е произведен од компанијата Kyocera и веќе од наредниот месец ќе започне со продажба во салоните на најголемиот телефонски оператор во Јапонија, NTT Docomo.

KY-O1L е изработен според исти димензии како кредитните картички, со тоа што е малку подебел и потежок – 5,3 милиметри и 47 грама. NTT Docomo го нарече овој телефон „најтенкиот и најлесен телефон во светот“.

Тој има 2,8-инчен монохромен e-paper екран, LTE конекција и батерија од 380 mAh. Нема камера ниту пак можност за инсталирање апликации, но може да се приклучи на интернет, иако работењето онлајн не изгледа баш привлечно на овој екран.


Моделот Moto Z на Motorola од 2016 година беше нешто потенок, 5,2 милиметри, но имаше и испакнат дел кај камерата кој додаваше на неговата дебелина. Kyocera го реши тој проблем со тоа што воопшто не стави камера на KY-O1L.

Овој минималистички телефон ќе чини 32.000 јени, односно околу 300 американски долари – мала цена која треба да се плати за да имате една работа помалку во џебовите.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.