x

Leagoo S10: Скенер за отпечатоци под дисплејот, низа интересни функции и цена до 300 долари

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Август, 2018 од GSM.mk

Додека на голем дел од популарните компании им требаа долго време да вметнат скенер за отпечатоци под дисплејот, Leagoo не само што претстави ваков уред, туку и голем дел од останатите модерни функции, по ниска цена..

Со цена од 300 долари, Leagoo S10 доаѓа со низа интересни функции - од тенките рамки, до скенерот под дисплејот, Face ID и многу повеќе. Уредот има заоблени агли и метална рамка, додека панелите од задната и предната страна се со стаклена конструкција. Како што може да претпоставите по стаклениот дизајн, S10 доаѓа со безжично полнење. Дисплејот има тенки рамки околу него и iPhone X дизајн. Станува збор за 6.2 инчен AMOLED панел со 19:9 сооднос и резолуција од 1080 x 2248 пиксели.


Во внатрешноста на уредот се наоѓа еден од помоќните процесори на MediaTek - Helio P60. Процесорот е придружен од 6 GB RAM, 64GB меморија и батерија од 4050mAh. 

The Leagoo S10 has an in-display fingerprint scanner, tons of features, $300 price tag


Бидејќи живееме во ера на дуалниот систем камери, Leagoo S10 не е исклучок. На задната страна, се наоѓа главна камера од 20 мегапиксели со Sony сензор и "асистент" од 5 мегапиксели. Предната камера е од 13 мегапиксели.


Продажбата на Leagoo S10 ќе започне од септември, по цена од 300 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.