x

Ledikom со комплетно нова продавница и сервис!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 02 Април, 2018 од GSM.mk

Најголемата мобилара во Македонија, Ledikom Mobile Store, официјално од денес (понеделник, 02.04.2018) се сели во нова продавница на истата локација...

Продавницата е драстично поголема од стариот простор, што остава можност за прикажување на повеќе футроли, телефони, таблети, гаџети и слично. Продавницата е со модерен дизајн, а целта е ставена на функционалноста и изложување на сите производи на претставителен начин на посетителите.

Посебен дел е посветен на сервисот, кој ќе биде одвоен од продавницата и на две нивоа. Сервисот ги поседува сите најнови машини за поправка на уредите, како и најдобрите сервисери – што значи дека може да очекувате брза, квалитетна и евтина услуга. За повеќе детали јавете се на 072 677 677.

Локацијата на продавницата останува иста, односно ул. Цветан Димов бб.

Ве очекуваме во новата продавница и сервис!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.