x

Lenovo ги претстави Yoga Duet 7i и IdeaPad Duet 3i

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 29 Мај, 2020 од GSM.mk

Lenovo претстави два нови таблетa со оперативен систем Windows 10.

Станува збор за таблетите Yoga Duet 7i и IdeaPad Duet 3i, 2 во 1 уреди кои имаат посебни Bluetooth тастатури кои поддржуваат LTE мрежа. 

Yoga Duet 7i ја поседува 10-тата генерација на i7 Intel Core процесор, Inter Iris Plus GPU единица, инфрацрвена камера за отклучување и препознавање на лицето, 13-инчен IPS 2K екран чувствителен на допир и батерија која трае 11 часа.

Lenovo IdeaPad Duet 3i е малку послаб модел со Intel Pentium процесор, со интегрирана графика, 10,3-инчен full HD IPS екран. Неговата батерија трае до 7 часа.

Продажбата започнува на почетокот на летото; Yoga Duet 7i ќе биде достапен во јуни по цена од 1.199 долари, а IdeaPad Duet 3i во Европа пристигнува во јули по цена од 429 евра, пишува The Verge.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.