x

Lenovo и Razer го креираат идеалниот гејмерски компјутер

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 07 Декември, 2015 од GSM.mk

Двете големи компании, Lenovo и Razer, здружено работат на креирање на нов гејмерски PC, што ќе биде идеалниот за секој гејмер.

Новиот PC, Y серија, ќе биде оптимизиран за играње видео игри а производството на истиот ќе започне во јануари следната година, а соработката помеѓу компаниите ќе продолжи низ цела следна година.

Најголемиот продавач на компјутери, Lenovo, сериозно пристапува кон гејмерскиот сектор со регрутирање на Razer во напорот за креирање на совршената гејмерска машина.

Додека ние во ова партнерство ја носиме професионалноста на нашите инженери и дизајнери, Razer го носи искуството и финесата стекнати во повеќе години работење во гејмерската заедница, вели Виктор Риос од Lenovo.

Од компанијата веруваат дека ова е вистинскиот чекор во креирање на најдобриот PC уред за гејмање. 

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.