x

Lenovo можеби планира телефони со Windows Phone

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Март, 2013 од GSM.mk

На крајот на минатото лето кинеската компанија Lenovo, најави дека до крајот на годината ќе го објави својот паметен телефон со Windows Phone 8

Тоа очигледно не се случи, а во декември потпретседателот на компанијата Arthur Sang, им соопшти на новинарите дека во моментов проектот е во мирување и се чекаат подобри пазарни услови. Сепак во Lenovo веројатно напорно работат токму на телефон со Windows Phone 8. Доказ за тоа е дека друг потпретседател на компанијата користи уред со Windows Phone, што е потврдено од неговите пораки во кинескиот аналог на Twitter - Sina Weibo. Според некоја логика,  потпретседател на компанија од рангот на Lenovo најверојатно нема да користи производи на конкуренцијата, со што е очигледно дека Кинезите работат на прототипи на паметни телефони со оперативниот систем на Microsoft.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.