Гејмерските таблети се реткост, но компанијата Lenovo развива таков уред.

Станува збор за таблет кој ќе биде дел од серијата Legion, a првите фотографии се појавија на социјалната мрежа Weibo. На една од фотографиите се прикажува предниот дел на таблетот, а на втората задниот панел.
Јасно е дека станува збор за помал уред со големина од 8 ични.
Таблетот ќе се разликува од рачната конзола Lenovo Legion Play со 7-инчен екран и нема да има други копчиња кои се дел од гејмерските контролори.
Засега нема детали за спецификациите, но се очекува висока фреквенција на освежување на екранот и врвен процесор – ќе го движи Snapdragon 8 Gen 1 или Snapdragon 888.
Извор: Кајгана.мк
Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.