x

Lenovo произведе безжичен полнач за лаптоп

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 25 Јуни, 2021 од GSM.mk

Lenovo го најави новиот производ под назив Go Wireless Charging Kit - безжичен полнач за лаптопи.

Полначот е базиран на Power By Contact технологија на компанијата Energy Square, а не на вообичаениот Qi стандард.

Cе состои од метална плоча со дебелина од 3,2 мм која се вклучува во струја и се остава на под, а тука е безжичниот ресивер за полнење кој се спојува со базата на лаптопот и се поврзува преку USB-C порт.

Овој полнач може да полни повеќе од 13 и 14-инчни лаптопи по пат на 65W безжично полнење и со ефикасност од 93 отсто. Исто така, полначот е компатибилен со Windows и macOS уредите.

Сепак, лаптопите кои поддржуваат безжично полнење се многу ретки на пазарот. Dell во 2017 година го претстави 2in1 уредот Latitude 7285 кој поддржува безжично полнење, но повеќе наликуваше на таблет.

Продажбата на полначот Go Wireless Charging Kit започнува во октомври по цена од 139,99 долари.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.