x

Lenovo со паметна јакна!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Декември, 2015 од GSM.mk

Оваа недела, Lenovo претстави интересен концепт на моден додаток кој има дополнителна функција. Всушност, станува збор за еден вид на паметна јакна...

Да започнеме од почеток - новиот Lenovo YOGA Tab 3 Pro таблет доаѓа со вграден Pico проектор, како и огромна батерија од 10,200 милиампер часови која ќе издржи до 18 часа гледање на филмови. Се е подготвено, но на какво платно ќе ги прикажувате вашите видеа?

За среќа, тука е новата Lenovo Screen Jacket јакна. Станува збор за модно парче кое поседува различни дизајни од надворешноста, но по потреба може да се трансформира во платно за проектор со должина од 47 инчи и ширина од 24 инчи.

Сепак, цената од 383 долари можеби е превисока, нели? :)


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.