x

LG денеска официјално престанува со производство на мобилни

Категорија: Новости // Бизнис Објавено на 02 Јуни, 2021 од GSM.mk

Компанијата LG во април објави дека излегува од бизнисот со мобилни телефони и со оглед на фактот што беше потребно време за да се исклучи производството, денес е последниот ден за производство на паметни телефони и таблети.

LG ќе продолжи да ги поддржува постојните уреди, а премиум моделите имаат тригодишна софтверска поддршка. Некои модели, вклучително и телефоните од серијата Q, ќе добијат Android 12, додека најновите премиум модели ќе одат чекор понатаму до Android 13.

Фабриката LG Electronics во Виетнам, каде се произведуваат повеќето мобилни телефони на LG, ќе се трансформира во погон за апарати за домаќинство. LG веќе направи транзиција на некои од своите производни капацитети за да ги задржи вработените во фабриките за паметни телефони. Останатите работници од мобилните производни линии ќе добијат нови задачи до крајот на јули.

Фабриката во Хаифон започна со работа во 2015 година и произведува телевизори и апарати за домаќинство покрај мобилните телефони. Сестринските компании LG Innotek и LG Display произведуваат камери и екрани на истата локација.

Со тоа, LG е на пат да стане најголем производител на апарати за домаќинство, а продажбата во вториот квартал е голема и изнесува 6,3 милијарди долари.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.