x

LG G7 ThinQ е името на новиот LG уред?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 04 Април, 2018 од GSM.mk

Во февруари, Evan Blass сподели дека освежената верзија на LG V30 ќе биде наречена V30S ThinQ. Можеби ќе речете дека станува збор за Дежа Ву, но Blass на твитер сподели дека следбеникот на G7 ќе биде наречен G7 ThinQ..

Пред само неколку дена ги дознавме спецификациите на G7 и видовме неколку фотографии од него, а сега го имаме и официјалното име - LG G7 ThinQ. Уредот очекуваме да има FullVision дисплеј со 18:9 сооднос. Во внатрешноста, доаѓа со Snapdragon 845, заедно со 6GB RAM. На задната страна има две вертикално поставени камери, од 16 мегапиксели. Ќе работи на батерија од 3000mAh. 

LG's 2018 flagship could be named the LG G7 ThinQ

Последно, знаеме дека LG G7 ThinQ ќе биде претставен следниот месец и ќе има цена од 850-950 долари. Има заинтересирани? :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.