x

LG ги гаси телефоните?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 22 Јануари, 2021 од GSM.mk

Јужнокорејската компанија LG е добро познато име на пазарот на телефони.

Сепак, во последните неколку години, LG губи малку во трката со големите играчи на пазарот на паметни телефони. И покрај тоа, сите беа малку изненадени од веста дека телефоните на LG наскоро можат да заминат во историјата.

Според Korea Herald, вработените во LG Electronics биле информирани дека „се подготвуваат големи промени во плановите за производство на телефони“.

Сè уште не е познато што точно значи тоа, иако веројатно е дека одделот LG задолжен за производство на паметни телефони или ќе биде продаден или целосно затворен.

LG загуби 4,5 милијарди долари во последните пет години само на пазарот на паметни телефони, па затоа оваа одлука можеби не е толку изненадувачка како што може да изгледа на прв поглед.

Сепак, Квон Бонг-сеок, извршен директор на компанијата, им порача на сите вработени дека нема да бидат отпуштени, па затоа не мора да се плашат од какви било промени за нивната работа.

Ова е поткрепено со фактот дека LG неодамна се префрли на некои други видови технологија, примарно фокусирани на паметни домашни уреди, што тие го покажаа на овогодинешниот CES.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.