x

LG го претстави новиот смартфон Wing

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 16 Септември, 2020 од GSM.mk

Компанијата LG официјално го претстави својот нов смартфон со два екрана и ротирачки механизам.

LG претходно имаше мобилни телефони со два екрана како што се G8X ThinQ и Velvet, но новиот модел Wing е сосема поинаков.

Смартфонот има два OLED панели, првиот е стандарден со 6,8-инчи, а под него е 3,9-инчен панел. Уредот поседува ротирачки механизам. Малиот екран се користи за истовремено користење на други апликации или за дополнителна функционалност.

Екраните може да се користат за гејминг или за стриминзи.

Смартфонот доби Qualcomm Snapdragon 765 процесор со интегриран X52 модем за 5G поддрѓка, 8 GB RAM, 256 GB интерна меморија, батерија од 4.000 mAh, а поддржува и безжично полнење.

Главната камера има 64 GB, а останатите две 13 и 12 MP.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.