x

LG Harmony 4: Најновиот буџетски смартфон!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 03 Јули, 2020 од GSM.mk

LG Harmony 4 е најновиот буџетски смартфон кој е следбеник на Harmony 3..

Во споредба со неговиот претходник, новиот модел има помодерен дизајн и голем број подобрени спецификации.Се разбира, бидејќи е има цена од само 150 долари, неговите целосни карактеристики се просечни.

Harmony 4 работи на Android 10 и има прилично добар изглед за буџетски смартфон. LG најави дека под хаубата се наоѓа 2.0 Hz octa-core процесор, иако производителот не е спомнат.

На предниот дел има голем, 6.1 инчен дисплеј со резолуција од 720 x 1560 пиксели и нуди 3GB RAM, 32GB меморија и батерија од 3500 mAh. На задниот дел, доаѓа со скенер за отпечатоци и систем од две камери - 13 + 5 мегапиксели. Се разбира, има и селфи камера од 8 мегапиксели.

LG-Harmony-4-Cricket-03.jpg

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.