x

LG подготвува најголем монитор на светот

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 01 Септември, 2016 од GSM.mk

Оние што постојано бараат поголем монитор или пак комбинацијата од два монитори не им одговара, наскоро може да добијат идеално решение од LG. Компанијата треба наскоро да го претстави најголемиот монитор на светот.

Ултраширокиот монитор на LG треба да биде претставен на IFA самот во Берлин. Станува збор за 38-инчен монитор со заоблен екран, кој ќе ја има ознаката 38UC99, и кој ќе има размер 21:9. Екранот ќе прикажува видео со 4К резолуција, како и ултрашироки слики со резолуција од 3840x1600 пиксели.

Освен тоа што ќе биде најголемиот ваков монитор на пазарот, ќе биде и првиот со USB-C порт. Во него ќе има два вградени Bluetooth звучници, а ќе чини 1.356 евра. Продажбата ќе стартува во текот на следниот месец.

Со овој монитор ќе бидат претставени и два ултра широки модели кои ќе имаат 34 инчни екрани, едниот со рамен екран и вграден Google Cast, а другиот со заоблен екран и наменет за гејмерите.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.