x

LG претстави 3 нови смартфони, наскоро достапни и на европскиот пазар

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 25 Септември, 2020 од GSM.mk

LG претстави 3 нови смартфони – К62, К52 и К42.

Овие смартфони се модели со пристапна цена и се конкуренција на OnePlus Nord. Се работи за моделите K62, K52 и K42 кои пристигнуваат со 6,6-инчен HD+ екран со формат 20:9.

K62 и К52 имаат главна камера од 48, ултраширока од 5, макро од 2 MP и сензор за длабочина од 2 MP. K52 има главна камера од 13 MP. Сите три уреди ги напојува батерија од 4.000 mAh, a користат Android 10.

K62 и K52 ги придвижува 2,3GHz процесор со 4 GB RAM. Моделот K62 има 128, а другите два модела имаат 64 GB интерна меморија.

Ниту еден модел не поддржува 5G мрежа. Новите модели пристигнуваат во октомври.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.