x

LG Q8 (2018) нема ништо заедничко со оригиналниот Q8, а речиси се со Q Stylo 4

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 07 Август, 2018 од GSM.mk

Доколку мислевте дека смартфон портфолиото на LG е збунувачко, почекајте да слушнете за новиот уред од средната класа на компанијата, Q8..

Информациите за уредот беа официјално споделени во Кореја, само неколку месеци по Q7 линијата. Интересно е што LG Q8 (2018) нема речиси ништо заедничко со неговиот претходник Q8, а наместо тоа е речиси ист со минатогодишниот Q Stylus или Q Stylo 4. Токму поради тоа, најверојатно нема да биде достапен во Америка, а ќе биде претставен на неколку места во Европа. 

Екранот на уредот е значително зголемен, од 5.2 на 6.2 инчи и нормално, рамките околу него се смалени. 2:1 “FullVision” панелот доаѓа со FHD+ резолуција од 2160 x 1080 пиксели. Под хаубата, се наоѓа батерија од 3,300 mAh, која иако можеби не звучи многу голема, поддржува Quick Charge 3.0 технологија. Истотака, вклучува Stylus пенкало. Процесорот ќе биде Snapdragon 450, придружен од 4GB RAM и 64GB меморија. Главната камера е од 16, а селфи камерата од 5 мегапиксели.

LG Q8 (2018) дефинитивно не е најевтиниот Android 8.1 телефон достапен на пазарот, со цена од 480 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.